ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира дека Месут Озил ќе си замине од Арсенал откако играчот одби да го продолжи договорот со „топчиите“.
Двајцата најдобри фудбалери на клубот, Алексис Санчез и Месут Озил по се изгледа нема да ги продолжат договорите со клубот, а одлуката на „топчиите“ е барем еден од нив да биде продаден оваа зима со цел да се заработи колку толку на евентуална нивна продажба.
Се погласно се шпекулира дека Озил е тој кој уште во јануари ќе го напушти „Емирати“, а најзаинтересиран за неговите услови е Манчестер Јунајтед.
Наводниот трансфер го потврдил и извор од компанијата Адидас кој го потврдил трансферот на офанзивниот играч за врска на „Олд Трафорд“.