Излезот на Мемфис е Серија А?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јасно е дека во Јунајтед нема иднина, дали јануари нуди решение?

    Мемфис Депај добива шанса на лажица, не успеа да се наметне на Мурињо, а во првите два месеци од сезоната стартуваше само еднаш, во неважен меч од Лига Купот против Нортемптон.

    Заменет е во 55 минута, очигледно дека е во втор план, Ѓаволите со продажбата ќе ги вратат и вложените пари.

    Како опција, како што пишуваат италијанските медиуми, се појави Милан.

    Иако постојат сомнежи во платежната моќ на кинеските сопственици, тие тврдат дека ќе ја засилат екипата, го сакаат Фабрегас , но и Депај.

    Се верува дека дваесет милиони евра би биле доволни за соевремено најдобриот стрелец и играч во холандската лига да се пресели во Италија.

    Монтела бараше да го доведат да може да игра 4-2-3-1, Холанѓанецот многу ќе значи по крилата, ќе видиме што ќе каже Мурињо, но се претпоставува дека нема многу да се противи на заминување на играч на кого и не смета…