Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Офанзивниот фудбалер од Доминиканска Република, Мариано Дијаз е ново засилување на Реал Мадрид.
25 годишниот фудбалер вчера и официјално беше претставен како ново засилување на Реал Мадрид откако по само една сезона се врати меѓу „Кралевите“.
Минатата година Диаз за сума од седум милиони евра направи трансфер во Лион, а по само една феноменална сезона се врати на „Бернабе“ за сума од околу 35 милиони евра.
Сега Дијаз ќе ја добие и легендарната „седумка“ која осум години со успех ја носеше Кристијано Роналдо, а претходно истата беше носена од Раул Гонзалез.