Изненадување за Ѓорческа во сингл: Сигурна победа во двојки


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа како трет носител не успеа да ја помине 2-та пречка на турнирот во Валенсија.

    Лина Ѓорческа во 2-то коло беше поразена од Јасмин Паолини со 6:4, 3:6 и 1:6.

    Ова беше изненадување за нашата тенисерка која одлично го започна натпреварот, но потоа следуваше голем пад во играта.

    Во конкуренција на двојки, како први носителки заедно со Галина Воскобоева, беа поуспешни од Кристина Буска и Клаудија Ферер со 6:4 и 6:3.

    Наградниот фонд изнесува 25.000 долари, а победниците на турнирот ќе добијат по 40 ВТА поени.