Икарди им одговори на навивачите на Интер


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Капитенот на Интер, Икарди се најде на жесток удар на навивачите на својата екипа откако ја објави својата автобиографија.

    Икарди во својата автобиографија ја објасни караницата со навивачите на Интер која се случила по поразот од Сасуоло, но тоа им пречеше на водачите на навивачите на клубот.

    Тие денес изјавија дека Икарди го чека пекол на „Меаца“, дека тој не заслужува да биде капитен на Интер.

    Потоа се огласи и напаѓачот кој изјави дека е изненаден и разочаран од нивната реакција.

    „Изненаден сум бидејќи им објаснив како дојде до караницата, ништо не излажав. Разочаран сум бидејќи барате од мене да не бидам капитен повеќе. Разочаран сум поради хаосот кој е создаден поради никаква причина. Капитенската лента за мене претставува остварување на сонот, а вие сте првите кои ги погледнувам кога постигнувам гол. “

    „Се надевам дека ќе сфатите колку ми значи овој клуб и што се обидов да направам со автобиографијата. Никогаш не сакав да ве навредам бидејќи имам многу почит и љубов кон вас. Дури и тогаш кога со свирежи ќе ме испратите надвор од теренот. Како капитен барам само едно, а тоа е да бидете со нас, бидејќи му требате на тимот.“