Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ денес спаси 5 меч топки против Вердаско, па успеа да направи пресврт и да победи.
Шпанецот беше подобар ривал во првиот сет, а потоа во тај-брејк во вториот сет се случи чудо. Новак успеа да спаси 5 меч топки и потоа да победи и се пласира во финалето во Доха.
„Фернандо беше подобар противник на почетокот. Но немаше среќа, иако одлично играше. Едноставно јас имав среќа. Не се сеќавам кога спасив 5 меч топки. Ова ми беше еден од подобрите натпревари во кариерата.“
Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Мареј.