Иниеста сака да остане во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андрес Иниеста сака да го продолжи договорот со Барселона и не размислува на никакво заминување од клубот.

Шпанскиот интернационалец е посакуван од Јувентус, а низа шпекулации се слушнаа кога Иниеста го демантираше Бартомеу дека е постигнат договор меѓу двете страни за продолжување на соработката.

Сепак, „Спорт“ дознава дека 33 годишниот играч сака да остане во клубот каде што ја почна кариерата и набрзо ќе потпише нов договор.

Барселона веќе му има понудено нов договор уште од пред неколку недели, но се уште не е постигната согласност за истиот.