Интер доби судски спорт и 10.5 милиони евра


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Англиските и италијанските медиуми пишуваат дека Нероаѕурите го добија спортот со Сандерленд кој со години се водеше околу трансфер на Рики Алварез.

    „Дејли Мејл“ во денешното издание пишува дека судот во Лозана пресуди во корист на Интер и дека Сандерленд ќе мора да уплати на сметата на италијанскиот клуб сума во износ од 10.5 милиони евра.

    „Црните мачки“ во минатата година не прифатија да ја платат клаузулата во редност од 10.5 милиони за Рики Алварез.

    Правните претставници на Сандерленд на суд пробуваа да докажат дека Аргентинецот на позајмица е испратен повреден, дури толку што била неопходна операција на коленото, но немале доволни докази таа приказна да ја истуркаат до крај.

    Во спорот на клубови се вмеша ФИФА, а арбитражната комисија на Светската фудбалска асоцијација ќе прсуди во корист на Интер.