Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Интер очаен и без Де Бур, Шалке и Шахтјор поминаа понатаму.
Фудбалерите на Интер ја продолжија серијата на порази и по заминувањето на Де Бур бидејќи вечерва изгубија од Саутемптон со 2:1.
Вечерва пласман обезбедија Шахтјор и шалке додека Ајакс е на чекор од пласман понатаму.
Интер тешко дека во пролет ќе игра во Европа бидејќи има само 3 бодови. Спарта има 9, Саутемптон има 7, а Апоел 4.
До крајот на групната фаза, Интер мора да го победи Апоел во гости, а потоа и Спарта на свој терен.
Во другите натпревари ПАОК не успеа да остане втор, бидејќи изгуби од Стандард со 0:2 и падна на последно место на табелата.
Шахтјор вечерва во гости против Гент успеа да обезбеди пласман. Тие победија со 5:3 во гости.
Брага како домаќин беше подобра од Конјаспор со 2:1 и така стигна до 2-то место на табелата со 5 бодови.
Шалке исто како и Шахтјор успеа да помине во наредното коло бидејќи стигна до 4-та победа.
Фиорентина направи важен чекор кон елиминациската фаза бидејќи како домаќин беше подобра од Либерец со 3:0.
Резултати:
Ајакс 3-2 Селта Брага 3-1 Конјаспор Фиорентина 3-0 Либерец Гент 3-5 Шахтјор Ница 0-2 Салцбург Панатинаикос 0-3 Стандард ПАОК 0-1 Карабаг Шалке 2-0 Краснодар Саутемптон 2-1 Интер Виљареал 1-2 Османлиспор Цирих 0-0 Стеауа |
21:05 | Kraj | Sparta Prag | 2 – 0 | H. Beer Sheva |