Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФИФА уште пред две години донесе одлука на Мундијалот во 2026 година да настапат повеќе репрезентации, но од тогаш Инфантино размислува тоа да го направи уште многу порано, веќе на следното Светско првенство што ќе се одржи во Катар.
Ако биде возможно ФИФА ќе го зголеми бројот на репрезентации од 32 на 48 за следниот Мундијал во Катар, а тоа го најави и првиот човек на светската куќа на фудбалот, Џани Инфантино. Конечната одлука ќе биде позната пред ждрепката за квалификационите групи која ќе се одржи во март.
„Ако мислите дека е добро да се има 48 екипи на Светското првенство зошто да не се обидеме четири години порано. Поради тоа анализираме дали е можно да се има 48 репрезентации веќе во 2022 година. Светското првенство кое ќе се одржи во Катар би требало да има 32 репрезентации, но ако може да го зголемиме бројот на 48 екипи и да го направиме светот посреќен, вреди да се обидеме“- коментираше Џани Инфантино.