Иско му прави „услуга“ на Перез, Реал добива огромна ѕвезда!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Иско се договорил да замине од Реал Мадрид, а избрал и нов клуб, но проблем е финансискиот фер-плеј.

Наводно, Иско сака да се пресели во ПСЖ, а сумата од 100 милиони евра не е јасно како ќе ја платат Парижаните, кои имаат големи проблеми со финансиите.

Постои едно решение, а тоа е Иско да замине на позајмица во Париз зимава, а потоа да биде дел од трансферот за Нејмар.

За Шпанецот постојат и други заинтересирани клубови како што се Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челси и Јувентус, но Иско смета дека во ПСЖ би имал сигурно место.

На овој начин би му се исполнила долгогодишната желба на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, кој во тимот би го добил Нејмар.