Иско направи нов проблем, Перез ќе го брка од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Заминувањето на Иско од Реал Мадрид е се поизвесно откако шпанскиот репрезентативец направи нов екцес на натпреварот против Алавес.

Имено, Шпанецот доби шанса во псоледните три минути од средбата и учествуваше во голот на Маријано за конечни 3:0. По последниот судиски свиреж се поздрави со неколку играчи и тргна кон соблекувалната.

При излегувањето, техничкиот делегат задолжен за измени, Мигел Порлан му подаде рака на Иско, но фудбалерот само помина покрај него. Тоа предизвика голема разочараност во клубот затоа што Порлан е икона внатре во Реал Мадрид бидејќи целиот живот работи во „Кралскиот клуб“.

Ова не е прв пат Иско јавно да го прикажува своето незадоволство од малата минутажа која му ја дава Сантијаго Солари.