Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Актуелниот шампион во Примера, Реал Мадрид на гостувањето кај Валенсија успеа да победи со 4-1.
По шокантното испаѓање од кралскиот куп, екипата на Зинедин Зидан успеа да дојде до важна победа на гостувањето кај Валенсија.
„Кралевите“ до предност стигнаа во 16 минута со голот на ѕвездата на клубот, Кристијано Роналдо, кој повторно го зголеми водството на 2-0 пред полувремето.
Во вториот дел домаќинот Валенсија се обидуваше да се врати во натпреварот, а до намалување стигнаа во 59 минута преку голот на Мина, кој погоди за 1-2.
Меѓутоа, како минуваше времето, така Реал заигра подобро и најпрво Марсело зголеми на 3-1, а потоа Тони Крос ги постави конечните 4-1.