Исповед на бивши судија кој удри по Ибрахимовиќ: Се работи за страшно иритантен тип…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај тоа што е генијалец на фудбалските терени, Златан Ибрахимовиќ е познат како личност полна со самодоверба, поради што во најмала рака е контроверзен.

Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси за себе често говори во суперлатив, што многумина ги забавува, а на некои поради тоа им е одбивен и арогантен. Едноставно, или просто го обожувате или не можете да го смислите. Средина нема.

Еден од оние кои најдобро можеа да се уверат во карактерот на шведскиот интернационалец, е некогашниот судија на Лига1, Тони Капрон. За него е – многу иритантен тип…

„Многу е иритантен. Не се во прашање само судиите, тој константно се лутеше на своите соиграчи и влегуваше во расправија со противниците. Тој е луд. Поради него се надевам дека тоа беше само дел од претставата. Толку луди работи зборуваше, се надевам дека тоа не го мисли.“

Еден натпревар на кој се сретнал со Ибрахимовиќ бил помеѓу ПСЖ и Лјоренте. Тогаш Швеѓанецот постигнал три погодоци, а по последниот свиреж, му пришол на Капрон, дал знак со прстите и му довикнал „топката“.

„Тоа е прашање на воспитување и мала доза на почит“.

Ибрахимовиќ на трпи преголеми авторитети, па така не е чудно што во текот на кариерата, освен со судиите, имаше несогласувања и расправии со тренерите на екипите за кои настапуваше.