Исповед на херојот на Милан: Миха ми даде само една шанса, а јас заминав во Џенова за да докажам дека вредам!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Само една година претходно младиот Шпанец немаше шанси да заигра во Милан, но тој не се откажа од својата желба.

    Милан минатата ноќ во дербито со Интер доби еден голем играч. Сусо со 2 голови ги „купи“ навивачите, кои сакаа големи мајстории на Милан и најави дека во иднина би можел да биде предводник на новата генерација.

    Сепак, само една година претходно тој се соочил со проблеми затоа што не можел да заигра за Милан.

    „Сакав шанса и Миха ми даде само една, потоа се тргна лошо. Отидов во Џенова да докажам дека вредам за Милан и тоа успеав со Гасперини. Монтела работи добро, победуваме во скоро секој натпревар, сега соништата ни се на вистински пат, а тој пат е долг.“

    Тој на средината на минатата недела најави дека ќе пешачи до дома доколку постигне 2 голови во дербито, но тоа сепак не го стори.

    „Не победивме, па нема ни да пешачам. Беше невозможно да постигнам 2 голови, тоа го направив, но сепак не победивме. Тоа беше добро, но се повлековме во последните 20 минути и дозволивме Интер да се врати во игра.“

    Милан пропушти шанса да се пробие на втората позиција во Серија А, па вака го делат тоа место со Рома. Наредниот натпревар Милан го игра во сабота против Емполи.