Истанбул Башакшехир ги засили редовите со Робињо


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лидерот во турскиот шампионат, Истанбул Башакшехир дојде до потписот на бразилскиот интернационалец, Робињо.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити одигра одлична полусезона во дресот на Сиваспор каде на 16 натпревари постигна осум погодоци.

Веста за трансферот ја објави турскиот клуб Башакшехир кој на својот Твитер профил напиша:

„Нашиот клуб постигна договор со Сиваспор за трансфер на Робсон Де Соуза Робињо“-стоеше во краткото соопштение од клубот.