Италијанците тврдат: Манџукиќ ќе се збогува од Торино, продолжен „бракот“ со „Старата дама“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бракот помеѓу Јувентус и Марио Манџукиќ се продолжува, пишува Ла Штампа. Хрватскиот напаѓач ќе продолжи да соработува со „Старата дама“ до 2022. година и потписот треба да следува по мечот со Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Не се познати деталите колку фантастичниот офанзивец ќе заработува, дали ќе дојде до подобрување на условите. Манџукиќ во Јувентус, според Калчомеркато, заработува 3 и пол милиони евра годишно, а актуелниот договор му истекува 2020. година.

Манџукиќ има 32 години и торинскиот клуб сака да го врзе до крајот на кариерата.

Во 19 натпревари постигна девет погодоци и запиша три асистенции. Меѓутоа, јасно е дека Манџукиќ е многу значаен за Јувентус од аспект на статистичките податоци и самите погодоци, иако во таа категорија апсолутно е меѓу најдобрите.