Каков пресврт на повидок! Анчелоти ја краде најголемата желба на Мурињо?!

Доверлив извор тврди дека дојде до пресврт на фудбалскиот пазар.

Добро информираниот новинар Џанлукиа Ди Марзио објави вечерва дека Баерн Минхен е во пол позиција за трансфер на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид!

Иако веќе со месеци се пишува дека Манчестер Јунајтед е лидер во оваа трка, сега Баварците се вклучија во трка, а сите знаеме како тоа воглавно завршува.

На пример, младиот Ренато Санчез во минатата година со месеци беше виден во дресот на Јунајтед, а тогаш Баерн како гром од ведро небо го заврши неговиот трансфер.

Според најновите информации, Карло Анчелоти исто така го означи Гризман како примарна мета, што и не е чудно поради тоа што му треба втор напаѓач, кој ќе игра позади Роберт Левандовски.

Томас Милер не е на своето ниво во оваа сезона, а Тиаго Алкантара неретко игра „десетка“ во формација 4-2-3-1 што не е негова природна позиција.

Ако Карло Анчелоти го намириса Гризман како негово идеално решение, знаеме како Баерн ќе реагира, поготово ако Италинанецот до крајот на сезоната донесе и по некој трофеј и ја оправда довербата.