Каков шок на „Кревин Котиџ“: Тотенхем во последната секунда дојде до победа против Фулам


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последниот меч од 23. коло во англиската Премиер лига кој го одиграа Фулам и Тотенхем донесе многу возбудувања, а на крајот се радуваа „Петлите“ со 2:1.

По само 12 минути Фулам дојде до водство откако Фернандо Љоренте ја погоди сопствената мрежа. Со 1:0 се замина на полувреме, а во вториот дел очекувано Тотенхем беше подобриот тим.

Деле Али со гол во 51. минута го изедначи резултатот на 1:1, а вистински шок на „Кревин Котиџ“ приреди Винкс во судиското продолжение од средбата.