Канадскиот кошаркарски ‘феномен’ донесе одлука за својата иднина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Средношколската класа за 2018 само што стана поинтересна!

 

Класата за следната година досега беше трка помеѓу два огромни таленти, Зион Вилијамсон и Марвин Бегли III. Но, по вчерашната потврда на информациите од страна на Ар Џеј Берет дознаваме дека тој сепак ќе биде дел од класата која ќе се приклучи на колеџ-лигата во 2018 година.

“По долг разговор со моите родители одлучив дека најдобро за мојата кариера би било доколку се приклучам на класата до 2018 година. Академски сѐ се одвива одлично и со нетрпение чекам да се приклучам на колеџ програмата на универзитетот кој ќе го одберам.” – изјави Берет.

Тој откри и дека интересот од колеџите низ целата држава е огромен:

“Што се однесува до понудите, ги има многу но најзаинтересирани се Аризона, Дјук, Канзас, Мичиген, Орегон, Тексас и УЦЛА. Имаше и неофицијални понуди од Индијана, Илиноис, Јукон и УНЛВ.”

 

Ар Џеј Берет беше главна ѕвезда на Светското Првенство за помлади од 19 години, каде ја одведе репрезентацијата на Канада до златниот медал, притоа добивајќи ја МВП наградата.