Капитализмот го „убива“ Наполи: Трибините на „Сао Паоло“ повторно – полупразни!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Наполи работите не се одвиваат најдобро на стартот на новата сезона. Клубот уште на крајот на минатата година го напушти тренерот одговорен за добриот стил на игра, а сега пристигна Карло Анчелоти, но Наполи не игра на очекуваното ниво.

Голем хендикеп за екипата е што фудбалерите на Наполи во сабота најверојатно ќе бидат без поддршка од трибините, барем на таква каква што навикнаа.

Се очекува „Сан Паоло“ да биде полупразен во сабота, а за тоа во вториот домашен натпревар во сезоната е виновна цената. Влезниците за мечот со Фиорентина се повеќе од двапати поскапи од претходната сезона.

Цените на кои се наоѓаат најголемите навивачи на Наполи скокна на 35 евра во однос на минатогодишните 12 евра.,

„Кориере дело Спорт“ пишува дека досега се само 12.000 влезници продадени за дуелот против Фиорентина, додека стадионот во „Сан Паоло“ има капацитет за над 60.000 навивачи.