Кари се враќа на тренинг, а наскоро ќе почне и да игра за Голден Стејт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Плејмејкерот на Голден Стејт, Стефа Кари, ќе има комплетен тренинг со тимот во вторник.

Тренерот Стив Кер сака Кари да одработи неколку целосни тренинзи, пред да им се врати на натпреварите.

Кари нема настапувано од осми ноември кога се повреди во поразот од Милвоки бакс, а од тогаш Голден Стејт загуби дури пет пати.

Вориорс соопштија дека искусниот плејмејкер ќе заигра во една од наредните пет натпревари, кои шампионите ги играат во гости, а првиот е во четврток против Торонто.