Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Хрватска вчеравечер во центарот на Загреб на спектакуларен начин го прослави освојувањето на сребрениот медал на Мундијалот во Русија.
Хрватска беше поразена во финалето од Франција со 2-4, но и покрај тоа, ова е најголемиот успех во историјата за нив.
Голем број хрватски навивачи вчера ги пречекаа фудбалерите и управата на улиците на Загреб, а според информациите на полицијата, имало дури 550.000 навивачи.
Сепак, според светските медиуми „дамка“ на прославата бил моментот кога се појави Марко Перковиќ Томпсон, по што Карлеуша не остана мирна и ги критикуваше Хрватите.
„За жал, фудбалерите на Хрватска го ставија шовинизмот над спортот и лично го повикаа пејачот, кој повикува на убивање Срби. Прво… како воопшто во модерно време може да постои таков пејач, а не е во затвор или лудница!? Второ, што им е проблемот на спортистите!?“, напиша Карлеуша.