Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Карпош Соколи го победија на домашен паркет Задар во натпревар од 25-то коло во АБА, 85:79.
На почетокот на натпреварот се менуваа водствата на двете страни. Гостите со серија од девет поени зголемија на шест поени предност, 9:17. Во последната минута од првата четвртина Зековиќ погоди за три за 19:24 после десет минути игра.
Соколов и Трајковски во втората четвртина го израмнија резултатот, 29:29. Соколите со четири поени во низа го презедоа водството, 33:31. До крајот на првото полувреме се играше кош за кош, па на полувреме на семафорот стоеше резултатот, 41:41.
Задар на почетокот на третата четвртина стигна до плус пет со двата поени на Франке и трите на Брзоја, 43:48. Пери се разигра и со две погодени тројки го израмни резултатот, 51:51. Маринковиќ, Базар и Брзоја со пет поени во низа му донесоа водство на Задар од пет поени, 51:56. Соколите преку Лабовиќ и Соколов намалија на еден негатива, но до крајот на третата четвртина Франке погоди за два за 57:60 пред последните десет минути од натпреварот.
Зековиќ и Лабовиќ со пет поени во низа му донесоа водство на Карпош Соколи, 62:60. Соколите преку Пери и Пенов на три минути пред крајот на натпреварот имаа минимална предност, 71:70. Пери и Трајковски погодија за 76:71. Соколите до крајот на натпреварот го задржаа водството и победија со 85:79.
Пери со 26 поени го предводеше Карпош Соколи до победа. Зековиќ постигна 17, Лабовиќ 16, Трајковски 12, Соколов 7, Мавра 4 и Пенов 3 поени. Кај Задар најефикасен натпреварот го заврши Барац со 22 поени.
10 победа за Карпош Соколи оваа сезона во АБА лига.