Касано по кратка пауза се врати на фудбалските терени


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Желбата за враќање на теренот кај Антонио Касано очигледно не „умира“. Напаѓачот доби неколку понуди, но според неговите зборови сите ги одбил.

Искусниот Касано е без ангажман од 2017. година и краткиот престој во Верона.

Касано не се откажува и наводно е во добра форма, па нарениот период ќе тренира со италијанскиот третолигаш Виртус Ентела.

Од Ентела со официјално соопштение се огласија за приклучувањето на Касано на тренинзите.

„Виртус Ентела соопштува дека го прифати барањето на Антонио Касано од наредниот понеделник да тренира со првиот тим“, соопштија од клубот.

Дали Касано ќе потпише на крајот со екипата или ќе најде нов клуб, останува да видиме.