Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалските медиуми пренесуваат дека авантурата на Икер Касиљас во Порто ќе заврши по крајот на оваа сезона.
„А Бола“ пишува дека за искусниот чувар на мрежата сериозен интерес постои од редовите на Реал Бетис кој посакува да ја зацврсти голманската позиција.
Договорот на Касиљас со Порто истекува по крајот на сезоната и тој ќе биде слободен да избира каде ќе настапува во иднина. Покрај Бетис за него интерес има од неколку екипи од САД.