Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Барселона веќе ја заврши работата околу доведување на фудбалерот на Ајакс, Френки Де Јонг, младиот играч за врска ќе ја чини Барселона од 75-86 милиони евра, во зависност од бонусот.
Сепак, тоа не е се од нивното купување во Ајакс.
Се споменуваше Матијас Де Лихт, младиот и суперталентиран стопер на овој тим, а Барселона имаше жестока конкуренција од ПСЖ кој исто така го сакаше овој Холанѓанец.
Сепак, „Радио Каталунија“ пренесува ексклузивна вест дека Де Лихт ќе потпише за Барселона и дека ќе чини околу 70 милиони евра.
Капитенот на Ајакс покрај Барселона и ПСЖ беше на мета и на Манчестер Сити, Баерн и Атлетико Мадрид.
Иако има само 19 години, досега забележа 102 официјални натпревари за Ајакс, додаде и 13 натпревари за националниот тим.