Катар ја декласираше Аргентина – Полска подобра против Јапонија во битката на дното


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес на програмата се одиграа 4 натпревари од 17:45 на СП во Франција.

Еден од тие натпревари беше меѓу Катар и Аргентина во кој подобар беше Катар со 21:17.

Катар одлично влезе во натпреварот и направи серија од 4 голови на самиот почеток. Аргентина никако не можеше да го најде патот до голот на Катар, па во цело полувреме постигна само 2 голови и наполувремето се замина со водство на Катар од 9:2.

Вториот дел повторно добро започна за Катар, кој во еден момент стигна на 10 поени предност, но од 48-та до 57-та минута Аргентина влезе во серија од 6 голови и го намали резултатот. Сепак тоа не беше доволно и на крајот Катар победи со 21:17.

Најдобар стрелец беше Фернандез со 7 постигнати голови.

Во натпреварот кој се играше помеѓу Полска и Јапонија, поуспешна беше репрезентацијата на Полска со 26:25.

Многу возбудлив натпревар се одигра помеѓу овие две репрезентации, затоа што и едната и другата го имаа водството по неколку пати.

Во првиот дел први до водство стигнаа Јапонија со 2 голови, но потоа успеа Полска да направи пресврт и да стигне до предност од 7:5. До крајот на полувремето Јапонија ја подобри својата игра и стигна до 2 голови предност и заминување на полувремето со 11:9.

Второто полувреме беше исто така неизвесно од првата минута, а во 55-та минута Полска успеа да стигне до 3 голови предност, па некако успеа да го сочува водството до крајот на натпреварот и да победи со 26:25.

Најдобар стрелец во натпреварот беше Шида со 9 постигнати голови.