Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарската репрезентација на Македонија го одигра третиот натпревар од групната фаза за пласман на Евробаскетот и беше поразена од репрезентацијата на Унгарија со 66:76.
Лош старт имаа македонските кошаркари, Унгарија имаше предност од 5 поени. Пред крајот на првите 10 минути македонските кошаркари израмнија и успеаа да направат пресврт, 17:15. Во втората четвртина се менуваа во водството двете репрезентации, па македонските кошаркари успеаа да направат предност од 3 поени и со водство од 35:32 да заминат на полувреме. Следуваше подобра игра на унгарците кои стигнаа до водство од 6 поени во третата четвртина. Македонските кошаркари успеаа пред последните 10 минути да се вратат резултатски во натпреварот и да израмнат, 48:48. Во последните 10 минути македонските кошаркари играа катастрофално, а репрезентацијата на Унгарија стигнаа до 10 поени предност, 55:65. Најголемата предност Унгарија ја имаше во последната минута, 64:75. Репрезентацијата на Унгарија славеше со 66:76 успеа да остане непоразена во групната фаза.
Македонската репрезентација денес беше ослабена со Дамјан Стојановски кој заработи повреда на претходниот натпревар против Велика Британија.
Војдан Стојановски со 16 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, Ромео Трејвис додаде 12 поени. Следуваа Николовски со 8, Костоски 7, Дујковиќ и Ѓуроски по 5, Магдевски 4, Караџовски 2 и Младеновски 1 поен. Војвода ја преводеше унгарската репрезентација до победа со 27 поени. Адам Ханга беше втор најефикасен кај Унгарија со 15 поени.