Квалјарела вечерва во националниот дрес испишува историја?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фантастичниот Фабио Квалјарела доби повик да игра за репрезентацијата на Италија иако има 36 години, а вечерва тој повик би можел потполно да го искористи.

Минаа речиси 10 години откако Квалјарела последен пат играше за репрезентацијата, а вечерва најверојатно ќе биде стартер во мечот против Лихтенштајн, како што јавуваат италијанските медиуми.

Квалјарела, доколку постигне погодок во вечерашниот меч, би станал најстариот италијански фудбалер кој бил стрелец за репрезентацијата.

Последен пат кога Квалјарела беше стартер за репрезентацијата на Италија беше на 14. октомври 2009. година во мечот против Кипар во Парма, а интересно е што вечерва мечот се игра на истиот стадион.