Кејн не ја исклучува можноста за трансфер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хари Кејн во изјава за медиумите во тренинг центарот на англиската репрезентација истакна дека е среќен во Тотенхем, но не ја исклучи можноста да направи трансфер во друг клуб во иднина.

Запрашан дали сака да игра во клуб од странство Кејн изјави: „Никогаш нема да ви кажам да или не. Не може да исклучите никаква опција. Тоа не е нешто што јас дефинитивно сакам да го направам, но не смеете да исклучувате никакви опции. Многу сум среќен во Тотенхем, но ќе видиме што ќе се случи во иднина“.

Се шпекулираше дека за новиот капитен на Гордиот Албион постои сериозен интерес од Реал Мадрид кој е подготвен да понуди над 200 милиони евра за неговите услуги.