Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во еден од своите последни интервјуа збоеруваше за својата најголема ѕвезда, Мохамед Салах.
Фантастичниот Египќанец и оваа сезона игра на високо ниво, но на почетокот на сезоната не изгледаше дека ќе биде така. Салах „тивко“ ја започна новата сезона во Премиер лигата, но со време ја подигнуваше формата и во последно време игра фантастично.
Нешто послабите игри на почетокот на сезоната не беа случајност, а тоа го откри Јирген Клоп.
„Знаев што е неговиот проблем. Салах имаше болки во рамената по она финале во Лигата на шампионите, затоа не можеше да биде на својот максимум. Кога работите во канцеларија и кога ве боли рамото, тоа не се чувствува на вашата продуктивност. Но, ако сте фудбалер, морате да бидете стопроцентно подготвени за да го дадете својот максимум“, истакна Клоп и додаде:
„Салах во таква состојба беше подобар од повеќето други, но и затоа што требаше играта да му ја врати формата. Сега кога го достигна својот максимум во фромата, покажа дека со него никој не може да се спореди и јас сум исклучително среќен поради тоа“.
Мохамед Салах оваа сезона одигра 18 натпревари во Премиер лигата, постигна 11 погодоци со шест асистенции. Вкупно во сите натпреварувања настапи на 25 меча и има учинок од 14 погодоци и шест асистенции.