Клоп го предупреди Салах: Мораш да биде многу подобар!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Одличниот Мохамед Салах, кој сезонава постигна 43 гола одигра многу слаб натпревар во дербито против Челси и на три натпревари нема постигнато гол.

Не би требало да загрижи тоа никого, па ниту Јирген Клоп не може да очекува Салах да постигнува голови на секој натпревар, но Германецот е лут поради начинот на кој играше Египќанецот против Челси.

Челси победи со 1-0, а Салах одигра многу слаб натпревар. Во првото полувреме се обиде со „ефтин“ трик да изнуди жолт картон, но сепак тој си доби картон поради симулирање. Потоа судијата, Ентони Тејлор не сакаше да му досуди некои прекршоци кои беа на него.

„Да, мислам дека симулираше. Не знам дали чекаше Кејхил да го турне или не, но тоа не сакам да го видам од него. Тој не е таков тип на играч. Мора да биде подобар!“, кажа Клоп.