До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Ливерпул делува се посериозно, играат исклучително атрактивен фудбал, уште само да ги закрпат проблемите во одбраната и нема сомнеж дека ќе бидат кандидати за најголем дострел.
Најголема болка на Редсите во оваа сезона дефинитивно е одбраната, Клаван во почетокот беше солидно решение, но се знаеше дека Естонецот е доведен како транзициона опција, додека Ловрен и Матип одлично се покажаа.
Сепак, Хрватот има проблеми со повредите, дури и Матип на почетокот на сезоната ја пропушти поради исти проблеми, а на Сако повеќе и не сметаат поради разни проблеми.
Се појави приказна дека Французинот може да се врати со цел да заигра за резервниот тим, но тој сеуште е далеку од враќање во составот на тимот од Енфилд.
Клоп сега најде дефинитивно решение, некој кој може да биде предводник на последната линија на Редсите во наредните години. Во прашање е талентираниот стопер на Хофенхајм Николас Зиле, кој на игрите во Рио освои сребро со селекцијата на Германија.
Тој од почетокот на својата професионална кариера е во редовите на Хофенхајм, а во Бундеслигата дебитираше во 2013 година. Од тогаш, во најквалитетното Германско натпреварување има 80 настапи со пет постигнати голови.
Ги помина сите младински селекции на Панцерите, а дебитираше и за сениорите во пријателскиот меч со Финска во оваа година.
Ливерпул може да проба веќе во јануари да го доведат, но проблем ќе им претставува силната конкуренција, бидејќи за младиот Германец заинтерсирани се и лондонските ривали Арсенал и Тотенхем.















