Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Нови, силни договори ја однеса НБА во небо кога станува збор за просечна плата. Во топ 10 се само уште еден бејзбол и три фудбалски клубови.
Годишните истражувања на просечните плати во светскиот спорт опфатија повеќе од 300 екипи во различни спортови, а резултатите се неочекувани. Доминираат НБА екипите.
На прво место е шампионот, Кливленд во кој просечна плата изнесува 7.5 милиони евра по сезона.
Честа на бејзболот ја брани „Џенки“ од Њујорк кои се блиску до 7 милиони во просек, а трет е уште еден кошаркарски тим, Клиперс.
Во топ 5 се два фудбалски клубови, а станува збор за Манчестер Јунајтед со 6.7 милиони по играч додека во Барселона се заработува по 6.55 милиони по сезона.
На листата топ 12 следат Портланд, Мемфис и Далас од НБА лигата, па уште еден фудбалски клуб, Манчестер СИти кој е 9-ти. Зад него се уште 3 НБА клубови, Орландо, Торонто и Сан Антонио.
А каква е ситуацијата во фудбалот?
Па, освен споменатите три клубови Јунајтед, Барселона и Сити, на топ 10 листата се уште и Реал со 6 милиони во просек, Челси со 5.23, ПСЖ со 5.18, Баерн со 4.82, Јувентус со 4.6, Арсенал со 4.29 и Ливерпул со 3.5 милиони евра по играч.
Надвор од топ 10 се Рома, Тотенхем, Атлетико, Интер, Вест Хем, Евертон, Лестер, Саутемптон, Дортмунд и Кристал Палас, кои се наоѓаат од 11 до 20 место, а интересно е да кажеме дека Милан не е ниту во топ 20, како ниту клубовите од Португалија, Шалке кој ги намали трошоците, како и турските и руските клубови кои порано трошеа неверојатни суми…