Клубовите од Манчестер заинтересирани за играчот на Лацио


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити се заинтересирани за српскиот интернационалец од редовите на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Играчот од средниот ред е најдобриот поединец во клубот од Рим и веќе е трансфер мета на многу европски екипи меѓу кои и ривалите од Манчестер, а сериозен интерес има и од редовите на актуелниот италијански шампион, Јувентус.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Лацио ќе го продаде 22 годишниот фудбалер само за сума од околу 80 до 100 милиони евра.

Интересно е што братот на Сергеј, Вања Милинковиќ Савиќ една сезона беше дел од младинскиот погон на Манчестер Јунајтед пред три сезони.