Ковачиќ прв пат се огласи околу можното перманентно останување на „Стемфорд Бриџ“

Играчот од средниот ред на Челси, Матео Ковачиќ истакна дека се гледа себеси во тимот за подолг период.

Хрватскиот интернационалец е на едногодишна позајмица од Реал Мадрид, а во досегашниот дел од сезоната е редовен во тимот на Маурисио Сари и токму поради тоа јавноста шпекулираше дали постои можност тој перманентно да остане на „Стемфорд Бриџ“.

„Засега сум среќен овде. Градот е одличен, клубот е еден од најдобрите во светот, а моите соиграчи се одлични. Мора да го почитувам мојот претходен клуб, Реал Мадрид, но јас можам да се замислам да играм овде. Сепак, имам договор кој мора да го почитувам и тоа и ќе го сторам. Засега, мојата работа е да го давам најдоброто од себе секој ден“ –коментираше Ковачиќ.