Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Босанскиот репрезентативец, Сеад Колашинац нема да биде во конкуренција за мечот помеѓу Арсенал и Тотенхем, кој се игра во рамки на четвртфиналето од Карбао Купот.
Дербито во Северен Лондон на распоредот е утре на „Емирати“, а веќе е јасно дека Колашинац, по дуелот со Саутемптон изминатиот викенд, ќе го пропушти и судирот со Спарси.
Колашинац се мачи со повредите оваа сезона, а непосредно пред почетокот на споменатиот дуел на Сент Мареј ги повреди мускулот.
Неговата повреда не е од сериозна повреда, па се очекува дека Сеад Колашинац да биде во комбинација за дуелот против Барнло во Премиер лигата.
Освен Колашинац, мечот со Тотенхем ќе го пропуштат и Хектор Белерин и Шкодран Мустафи.