Колку пари заработи Јувентус од билети во мечот против Атлетико?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Јувентус синоќа освен пласман во четвртфинале во Лигата на шампиони, откако го совладаа Атлетико Мадрид со 3-0, има и други причини за задоволство.

Екипата од Торино успеа да заработи дури 5,5 милиони евра од продажба на влезници за мечот против Атлетико Мадрид.

Приходите од влезниците за мечот го надминаа рекордот од речиси пет милиони, колку што Јувентус заработи од мечот против Манчестер јунајтед сезонава.

Причина за тоа е што најверните навивачи на Јувентус реши да го прекине бојкотот поради превисоките цени на влезниците, па се појавија на стадионот.

Тука се вклучува и бројот од 1.690 навивачи на Атлетико, кои стигнаа во Торино, а на мечот присуствуваа и многу поранешни фудбалери на „бјанконерите“, меѓу кои се Патрис Евра и Чиро Ферара, како и градоначалникот на Торино.