Колумбија по шест години остана без селектор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот Хозе Пекерман не е повеќе селектор на Колумбија, која ја предводеше од 2012. година.

Пекерман успеа да ја однесе Колумбија на Мундијалот во 2014. година, нивниот прв по 16 години пауза.

Таму беа едно од најпријатните изненадувања, па стигнаа до четвртфиналето, каде што загубија од домаќинот Бразил.

Оваа година на Светското првенство во Русија повторно се пласираа во нокаут-фазата, но испаднаа во првата рунда од Англија.

Пекерман се споменува како еден од главните кандидати за нов селектор на Мексико.