Колумбијците не простуваат: Фудбалерите кои промашија пенали добија – смртни закани!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Колумбијските фудбалери Карлос Бака и Матеус Урибе добија смртни закани, откако промашија пенали против Англија во осминафиналето на Светското првенство.

По изгубениот натпревар беше очекувано дека ќе има закани на сметка на Бака и Урибе, па јасно им беше порачано да „не се враќаат дома“, зашто би можеле да го загубат животот.

Исто така, некои пораки беа да извршат самоубиство и да потсетуваат на смртта на Андреас Ескобар, кој во 1994. година бил убиен поради автоголот против САД.

Заканите секако треба да се сфатат сериозно. Полицијата најави истрага против лицата кои ги испратија заканите, но ништо не може да го врати назад вчерашниот натпревар.