Конечно добри вести за Емери

Унаи Емери дефинитивно ќе биде без Нејмар на реванш средбата со Реал Мадрид во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Парижаните утре го пречекуваат „кралскиот клуб“ и ќе ја бркаат негативата од два гола од првиот натпревар (3:1).

Емери во комбинација ќе го има Килијан Мбапе за кого се шпекулираше дека може да го пропушти натпреварот против актуелниот европски шампион. Така, за очекување е утре да ги видиме Мбапе, Ди Мариа и Кавани како ударна игла во нападот на ПСЖ во обид да стигнат до позитивен резултат.