„Конте е идеална замена за Зидан, а очекувајте Роналдо да замине од Реал“


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело откри интересни работи за шпанските медиуми.

Капело смета дека Антонио Конте е идеална замена за Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид.

„Реал може да го промовира Гути, но според мене идеална опција е Конте“, вели Капело.

Италијанецот, исто така, смета дека Кристијано Роналдо ќе замине од екипата.

„Мислам дека Роналдо ќе се врати во Манчестер јунајтед за да работи со Мурињо“, вели Италијанецот.