До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Челси, Антонио Конте е прв избор за наследник на Џампјеро Вентура на клупата на репрезентацијата на Италија.
Дека Конте е сериозен кандидат потврди и потпретседателот на Фудбалската федерација на Италија, Алесандро Костакурта.
„Се уште немаме одлучено, но јас мислам дека Конте е еден од малкуте што ќе ја работат работата најдобро. Дефинитивно ќе зборувам со него за неколку месеци“ –коментираше Костакурта за „Газета дело Спорт“.
Ова уште повеќе ги подгрева шпекулациите дека Конте дефинитивно ќе замине од Челси во текот на летото.















