Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Челси, Антонио Конте се уште не сака да разговара за евентуално освојување на титулата.
Сините по победата над Манчестер Јунајтед (4:0) заостануваат четири бода зад трите водечки екипи, но Антонио Конте од своите избраници бара исклучиво да не мислат за борбата за титулата и да се фокусираат само на тренингот и на натпреварите.
„Победа или пораз нема да го промени моето мислење ниту самодовербата на играчите. Мораме да се фокусираме на тренингот и на следниот натпревар, бидејќи само така можеме да напредуваме. Оваа лига е многу тешка и може се да се случи. Важна е довербата и константност во работата. Блиску сме сите, но не би требало да ја гледаме табелата. Се уште е рано да се разговара за табелата и титулата“, изјави Конте.
Прилика за да ја подобри бодовната скала Челси ќе има денеска на гостувањето во Саутемптон.