Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарската репрезентација на Македонија го одигра вториот натпревар во групата, овој пат на гости за пласирање на Евробаскет и беше декласирана од Велика Британија со 96:79.
Во првиот натпревар Македонија го совлада Луксембург, а Велика Британија беше поразена од Унгарија.
После првата четвртина македонските кошаркари имаа предност од 28:30. Втората четвртина доминантно ја почнааа кошаркарите на Велика Британија, а македонските кошаркари пред крајот успеаа да стигнат до бројката 17 коша. На полувреме домаќинот имаше предност од 7 поени, 50:43. Домаќинот ја доби и третата четвртина со 19:17 за во последните 10 минути да имаат предност од 9 поени, 69:60. Во последните 10 минути кошаркарите на Велика Британија стигнаа и до најголемата предност на натпреварот, 19 поени. На крајот 96:79 и заслужена победа на кошаркарите на Велика Британија.