Кратко траеше авантурата во Барселона: Паулињо се врати во Гвангжу


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Паулињо по само една сезона помината во Барселона се реши да се врати во кинескиот тим на Гвангжу.

Барселона за него ќе добие вкупно 50 милиони евра, и ќе заработи околу десет милиони евра затоа што пред 12 месеци го донесе од Гвангжу за сума од 40 милиони евра.

30 годишниот Паулињо беше стандарден кај Ернесто Валверде и минатата сезона одигра вкупно 49 натпревари во дресот на Барселона на кои постигна девет погодоци.

Пред да дојде на „Камп Ноу“ играчот од средниот ред помина три години во тимот на Гвангжу.