Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
3-от тенисер во светот, Милош Раониќ вели дека сака постојано да ја унапредува својата игра и затоа го ангажирал освојувачот на Вимблдон од 1996 година, Ричард Крајчек како нов тренер.
„Чекор напред би било и освојувањето на Грен слем титулата – бев блиску минатата година, а мислам дека оваа година можам да го направам тоа. Сега сум подобар играч отколку на крајот на минатата сезона, па така пред мене се возбудливи времиња.“
„Морам да бидам на највисоко ниво во дуелите со најдобрите. Затоа избрав да работам со Ричард, тој ќе ми помогне.“
Заедно со Крајчек и Рикардо Пјати, Раониќ се подготвуваше во Монте Карло.
„Се помина добро, подобро отколку што очекувавме кога ќе се земе во предвид колку е мала паузата.“
Минатата сезона тој играше во финалето на Вимблдон и ½-финале на Австралијан Опен.