Кристал Палас ја официјализираше големата желба на Арсенал

На изненадување на многумина, Кристал Палас стигна до потписот на младиот германски фудбалер, Макс Мајер.

22 годишниот играч кој досега настапуваше за Шалке со тимот од Лондон потпиша тригодишен договор, а на „Селхрст Парк“ стигна како слободен агент.

Мајер  е трето засилување за Кристал Палас по трансферите на Винсент Гуаита и Чеику Кујате кој потпиша во текот на вчерашниот ден.

Мајер за кого постоеше сериозен интерес и од Арсенал во новиот клуб ќе го носи дресот со број 7.