Куртоа откри како му е во Мадрид: Соиграчите постојано ме „малтретираат“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тибо Куртоа стигна во Реал Мадрид по Мундијалот во Русија, каде што неговата селекција го освои третото место.

Белгиецот на новинарите во Шпанија им откри колку било напорно по пристигнувањето во Мадрид и зошто соиграчите постојано се шегуваат на негова сметка.

„Првите денови во Мадрид беа многу напорни – презентација, медицински прегледи… во такви случаи сфаќате во каков клуб сте, а посебно сум среќен затоа што ги гледам своите деца. Соиграчите постојано се шегуваат на моја сметка, зашто загубив во финалето на Лигата на шампиони од нив. Стигнав доцна во тимот и на вториот тренинг почуствував болка во коленото. но, среќен сум што конечно дебитирав“, кажа Куртоа.